Ризични категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности заради корона вирусот.

Категории на ризик според светски научни списанија

Според досегашните истражувања направени во светот за ризик фактори кои може да влијаат на текот на инфекцијата со КОВИД 19 се сместени неколку болести:

Кардиоваскуларни заболувања ( аритмија, покачен крвен притисок, срцева слабост и др.)

Дијабетес мелитус или шеќерна болест

Болести на белите дробови ( астма, ХОББ, или било кое заболување кое го намалува капацитетот на белите дробови, вклучувајќи го и пушењето како болест на зависност)

Хронични заболувања на бубрезите ( хронична бубрежна инсуфициенција, пациенти на дијализа и др.)

Карциноми

Обезност – или зголемена телесна тежина која е асоцирана со метаболен синдром, односно пореметување на метаболизмот на шеќерот, метаболизмот на мастите, значајни фактори за настанување на кардиоваскуларни заболувања

Бремени жени

Ова се заболувања кои се истакнати на скоро секоја нова публикувана студија која се однесува на КОВИД 19, а кои се достапни на интернет бесплатно за време на пандемијата.

Некои коморбидитети често се соживуваат. На пример, дијабетес и ХОББ  честопати се соживуваат со хипертензија или корорнарни срцеви заболувања. Затоа, пациентите со коегзистенцијални коморбидитети имаат поголема веројатност да имаат послаба почетна благосостојба. Уште поважно, потврден е  значително ескалираниот ризик од лоша прогноза кај пациенти со две или повеќе коморбидитети во споредба со оние кои немале или имаат само една дијагноза. Нашите откритија подразбираат дека и категоријата на пациентот и бројот на веќе постоечките болести треба да бидат земени предвид при прогнозата кај пациенти со „Ковид-19“. – стои во едно истражување спроведено на 1590 пациенти со КОВИД 19 во Кина, а објавено во European respiratory journal

Мета-анализата на осум студии во кои се вклучени 46 248 пациенти со ковид-19 посочуваат дека  оние со најтешка болест биле со дијагностицирана  хипертензија, респираторни заболувања и кардиоваскуларни заболувања. Во други студии  дебелината и пушењето се поврзани со зголемени ризици за фатален исход. – ова е наведено во студија напишана од кинески епидемиолози, а објавена на 26ти Март 2020 година во The BMJ медицинско научно списание.

Пациентите со срцева болест и дијагностициран COVID-19,  имале повисока стапка на смртност (51,2% наспроти 4,5%)  и ризик од смрт, во споредба со пациенти без срцева болест, а со дијагностициран COVID-19. – Ова е извадок од студија направена во Кина а публицирана на 25ти Март 2020 година во  JAMA Cardiol. реномирано медицинско научно списание.

Сите овие студии ни го потврдуваат зголемениот ризик кај овие пациенти, меѓутоа голем дел од  пациентите со овие болести успешно се справуваат со новата инфекција и го пребродуваат корона вирусот на начин како и поголемиот дел од лицата без ниту една дијагноза.

За споредба Ви ги прикажуваме (на крајот од текстот) ослободените дијагнози во нашата земја. Меѓутоа што со покачениот крвен притисок (хипертензија), обезноста и пушењето како болест на зависност, што се едни од најчестите дијагнози во нашата земја? Матичните лекари ни потврдуваат дека скоро половина од пациентите во нивните амбуланти имаат некој од наведените проблеми.

Kатегории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности во нашата земја, врз основа на приложена потврда од матичен лекар:

Хронични респираторни заболувања:

ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44

Астма – J45

Интестицијална фиброза – Ј84

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

Срцева слабост со EF<40

Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци

Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија

Тешка аортна и митрална стеноза

Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци

Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци

Длабока венска тромбоза до 3 месеци

Дијабетес мелитус:

Диајабетес тип I

Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

Сите малигни заболувања – C00-C97

 Имунокомпромитирачки состојби:

Состојба по трансплантација на бубрег – Z94.0

Хроничен нефротичен синдром – N04.9

Интермитентна хемодијализа – Z99.2

Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија – M05, M06, M45.00

Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза – M31-M34

Авторот е лекар, а името и е познато на редакцијата на М-Нет.