Репрезентативецот Јован Манев во посета на екс-соиграчите од Брегалница

Македонскиот репрезентативец Јован Манев, кој сега е член на турскиот суперлигаш Адана Демирспор, не го заборава својот поранешен клуб, од каде направи трансфер во турскиот суперлигаш.

Двата дена слободни од активностите во Адана, Манев ги искористи за одмор дома, и го посети својот поранешен клуб Брегалница каде ја доби најголемата своја фудбалска афирмација.

Манев денес ги посети поранешните соиграчи од Брегалница, следејќи го и тренингот на тимот на Градскиот стадион во Штип, пред утрешниот важен меч за штипските „сини“ во рамки од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига против Шкупи во Чаир.