
Гледачите на телевизија М Нет имаат можност да го проследат натпреварот од Македонска Каменица меѓу Каменица Саса и Охрид, меч кој заврши без победник и поделба на бодовите (1:1).
„Рударите“ преку Сашо Дуков први стигнаа до водство во 21. минута, а само три минути подоцна Емил Скоко постигна гол за 1:1, тоа беше и конечниот исход.
По завршувањето на натпреварот се случија инциденти на трибините, за што веќе објави телевизија М Нет видео снимка од истите настани.
Пелистер го загуби дербито со лидерот Беса откако на домашен терен беше поразен со 1:2 со што битолачни пак се спуштаат на третото место, а пак Беса прави сериозна бодовна разлика на врвот од табелата и со тоа ита кон историски пласман во Прва лига.
Фитон Адеми во 22. минута постигна гол за водство на полувреме на Беса од 0:1. Во вториот дел Пелистер се обидуваше да постигна брз гол за израмнување и враќање во рамноправна борба за трите бодови. Во финишот од мечот односно во 81. минута Адеми со втор гол ја дуплираше предноста на Беса со што трите бодови веќе беа на пат кон Добри Дол.
Во 87. минута Симеон Христов постигна гол за конечни 1:2 и со тоа го ублажи поразот. Беса сега е лидер на табелата со 28 бодови, а пак Пелистер се спушта на третото место со 21 бод и сега има негатива од 7 бодови.
Детонит Плачковица се врати на второто место со 23 бодови на своето конто.