Реконструкција на подтрибинскиот простор на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани

На вчерашната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа разгледани и донесени повеќе одлуки, а меѓу нив беше и одлуката за реконструкција на подтрибинскиот простор на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.

„Управниот одбор на ФФМ го усвои предлогот за реконструкција на подтрибинскиот простор на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, со што ќе се создадат подобри услови за функционирање на клубовите, официјалните лица и сите учесници во натпреварувачкиот процес“, велат од ФФМ.

Како што претходно најави и претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Кочани, Александар Андов, набргу се очекува да започнат градежните активности за реконструкцијата на стадионот. Андов вели дека е горд што по повеќе од 20 години ќе започне реконструкција на стадионот во Кочани, со што ќе се создадат подобри услови за спортистите, клубовите и сите љубители на фудбалот.

На овој стадион домашните натпревари ги игра второлигашот Осогово и прволигашот женскиот фудбалски клуб Кочани.

Александар Ванев, М-Нет