
Редица автомобили чекаат на бензинските пумпи во Штип за да наточат гориво. Денеска сликата во градот под Исарот на речиси сите бензински пумпи е иста, граѓаните чекаат и по неколку минти до половина час за да наточат гориво по сегашните цени. Имено, цената на горивата секој понеделник расте, а сегашните информации се дека во понделеник цената на дизелот и бензинот ќе скокне значителнително повеќе. Цената на нафтата продолжи да расте брзо, со оглед на тоа што трговците стравуваат дека идните месеци ќе падне испораката на „црното злато“ од Русија, поради санкциите од Западот, како и повлекувањето на западните нафтени компании од оваа држава. За барел, цената на лондонскиот пазар порасна за 3.09 отсто, на 116.42 долари. Во еден момент достигна и 118.22 долари, нов највисок рекорд за повеќе од седум години.На американскиот пазар пак, поскапи за 2.43 отсто, на 113.30 долари.
За оваа недела се очекува скокот на цените во Македонија да биде прилично висок. Тоа значи дека 14 недела по ред ќе имаме зголемени цени на горивата во државата.
На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна. Индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската, во однос на останатите шест најважни светски валути, се движи околу 97.50 поени. Вчера во истото време, изнесуваше 97.43 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута, порасна од вчерашните 115.05 на 115.65 јени.
Американската валута порасна и во однос на европската. Цената на еврото се „лизна“ на 1.1110 долари, за разлика од вчера во истото време, кога изнесуваше 1,1115 долари.
Курсот на еврото се движи блиску до најниските нивоа од мај 2020 година.