Ревизија во сите училишта на територија на Кочани најави в.д градоначалникот Крстевски

Во сите училишта на територија на Општина Кочани ќе има ревизија, истакна в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Откако изминатиот период имаше вонредна ревизија во ООУ „Никола Карев“, Крстевски најави ревизија и во останатите училишта кои имаат долг за вода кон КЈП Водовод Кочани.

„Веќе е дадено наредба за ревизија на сите училишта во Општина Кочани“ – вели Крстевски.

Откако Крстевски дојде на функција в.д. градоначалник на Општина Кочани, во јавноста обелодени дека дел од одсновните учиилишта во Кочани подолг временски период не ја подмириле обврската за вода кон комуналното јавно претпријатие. Потоа се спроведе и ревизија во ООУ „Никола Карев“, за каде Крстевски побара и разрешување на директорот.

Директортие на основните училишта одржаа и нивна прес конференција на која посочија дека проблемот не е во нив, и дека работат одговорно.

Вкупниот долг кои го имаат дел од основните и средни училишта во Кочани кон КЈП Водовод е 10, 5 милиони денари. ООУ „Никола Карев“ должи 5.6 милиони денари, по него се двете средни училишта, однсно СОУ „Гошо Викентиев“ кое должи над 1,8 милиони денари, и СОУ „Љупчо Сантов“ кое е со долг од 1,2 милиони денари. ООУ „Раде Кратовче“ има неплатени сметки во износ од 950 илјади денари, а ООУ „Свети Кирил и Методиј“ му должи на КЈП Водовод над 817 илјади денари.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет