
Преку работилница и изложба на креаци направени од учениците во штипското текстилно училиште, деветооделенците од основните училишта во Штип имаа шанса да се започнаат со можностите кои ги нуди ова училиште. Настанот се одржа денеска во библиотеката во штип.
„Денешниот настан го организира СОУ „Димитар Мирасчиев“ Штип. На настанот има изложено дела по предметот ликовна уметност, цркање, сликање од учениците во прва, втора и трета година. На настанот се повикани и ученици од девето одделение кои се присутни овде и ќе изработуваат свои креативни дела“ – вели Анастасија.
На лист хартија на изложбата можеа да се забележат и дела изработени од материјал, за кои според дизјанерите потребна е желба и креативност за да се создаде вакво дело.
„Целта е да покажеме со оваа работилница на основците дека може да се изработат и цртежи од текстилни материјали и користење на модни додатоци како копче патент и слично“ – додава Тасева.
Малите средношколци кои учествуваа во изработка на делата за изложбата велат дека вака се покажува креативноста на учениците и можноста понатаму да го оставарат својот сон.
„Многумина кога ќе се каже дека учиме во текстилната мислат дека утре ќе завршиме на машини, но нашата инспирација и желба не е тоа бидејќи ние сакаме да напредуваме, да се надоградуваме и да одиме чекор нагоре“
Крациите на лист хартија се изработуваа во текот на првото и второто полугодие оваа година, а денеска можност да изработат нешто имаа и самите деветоодделенци.
Лаура Стојанова М-Нет