
Се почести случаи на семејно насилство во државата, речиси секојдневно пристигнуваат нови пријави во полициските станици. Повозрасните граѓани на терен велат дека конфликти и расправии во семејствата стануваат се почести. Жртви најчесто жените и децата, додека напаѓачите се мажите. Граѓаните децидни многу ситуации остануваат дури невидливи, па затоа советуваат никој да не молчи. Семејното насилство, според нив е проблем кој се чувствува во секоја локална заедница
Повозрасните граѓани, врз основа на своите искуства, советуваат младите да бидат трпеливи во семејството. Тие нагласуваат дека почитта и разбирањето се клучни за подобри односи дома.
Граѓаните апелираат жртвите на семејно насилство да не молчат. Важно е секој случај да се пријави и да се побара помош од надлежните служби. Со навремена реакција, многу конфликти можат да се спречат и жртвите да се заштитат. Заедницата, велат тие, има улога да ја следи ситуацијата и да ги поддржува оние кои страдаат. Семејното насилство не смее да се игнорира, бидејќи секој случај е важен.
Иван Митев, М-Нет