Ранче, училишен прибор и 3.000 денари за секое прваче, обезбедуваат Општина Карбинци и ООУ „Страшо Пинџур“

Ранче, училишен прибор и еднократна финансиска помош од 3.000 денари ќе добие секое прваче од Општина Карбинци. Поддршката ја обезбедуваат Општина Карбинци и ООУ „Страшо Пинџур“, со цел да им го олеснат почетокот на новата учебна година на најмалите ученици и нивните семејства.

За секое прваче ќе биде обезбеден бесплатен училишен ранец, како и основниот училишен прибор потребен за првите училишни денови. Покрај тоа, секое прваче од Општина Карбинци ќе добие и 3.000 денари еднократна финансиска помош.

Одлуката е дел од поддршката за најмалите ученици, за кои на 1 септември првпат ќе заѕвони училишното ѕвонче и ќе седнат во училишните клупи.

Со оваа мерка, општината и училиштето сакаат почетокот на школувањето да биде полесен за семејствата, а првиот училишен ден за првачињата да започне со обезбедениот прибор и потребната опрема.

Ева Тушевска, М-Нет