
Ракометните прволигаши ги започнуваат подготовките за новата сезона, а која ќе биде отворена со натпреварите од првото коло на 13 односно 14 септември.
Екипата на Драчево Јуниор тргнува доста амбициозно во новата сезона со тоа што ќе цели кон влез во Суперлигата, а за таа цел се случи и фузија на Драчево и Јуниор Кисела Вода.
Клубот гради сериозен ростер кој ќе може да се носи со предизвиците во новата сезона, а нови имиња се Филип Петровски, Филип Фидановски, Александар Стојменов, Андреј Крстевски, Мартин Павличковски, како и Антонио Николовски, а во следните денови ќе следува промоција на уште неколку нови ракометари во тимот кој го води тренерот Велимир Настески, а пак спортски директор на клубот ќе биде Илија Чокрев.
Новаа сезоната екипата на Драчево Јуниор ја отвара против екипата на Шампион на домашен терен.
Старт на подготовките означи и поранешниот суперлигаш Аеродром, кој подготовките ги започнува со нов тренер – се работи за Мите Стоилов кој ќе биде новиот предводник на тимот.
Во следниот период паралелно како се одвиваат подготовките ќе се работи и на ангжман на нови засилувања и со тоа креирање на ростерот.
Новата сезона екипата на Аеродром ја отвара со гостување во Штип кај екипата на Текстилец.
Новата сезона ќе биде повеќе од возбудлива и неизвесна кога е во прашање влезот во ракометната елита на Македонија, а за истиот ќе се борат Вардар Неготино, Драчево Јуниор, Мулти Есенс, Младост од Богданци и екипата на Македонија ЃП.
Александар Ванев, М-Нет