Работнички и Башкими во дуел за прв триумф во новата сезона, „лавовите“ против шампионот Шкендија ќе ги бараат првите бодови

ФОТО: ФК Башкими

Саботната програма од Првата македонска фудбалска лига носи два натпревари, а кои ќе стартуваат во 17 часот.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат Работнички и Башкими, а ова ќе биде дуел во кој и двете екипи ќе ја бараат првата победа во новата сезона.

Двете екипи сезоната ја отворија со реми. Башкими како повратник во елитата на домашен терен и пред својата публика ремизираше играјќи 1:1 против Арсими во дуел на двата лански второлигаши.

Од друга страна, пак, Работнички одигра 0:0 во Кавадарци против Тиквеш во единствениот меч од првото коло на кој не видовме погодоци.

Двете екипи сега ќе се сретнат на арената во Скопје и меѓусебно ќе ја бараат првата радост.

Во меѓусебните соочување на овие две екипи од 2003 година па наваму во рамки на Првата лига и на два пријателски натпревари традицијата вели дека секогаш има барам еден гол, само еден натпревар одигра на 29 април 2006 година заврши без погодоци (0:0), а на останатите најчесто секогаш имало по два и повеќе погодоци.

Македонија ЃП новата сезона како повратник во елитата ја отвори со пораз на гостување кај Струга Трим Лум од 2:0, а веќе утре пред својата публика „лавовите“ ќе ги бараат првите бодови против актуелниот шампион Шкендија.

Домашниот терен и поддршката од навивачите може да биде предност за Македонија ЃП, а притоа и да го искористи моментот со густиот распоред на тетовскиот тим поради настапите во Европа.

Шкендија новата сезона ја отвори на убедлив начин откако со 5:1 го декласираше тимот на Шкупи.

Александар Ванев, М-Нет