Ракометниот шампион со валјд-карта ќе бара место во ЛШ, но Македонија доби уште едно место во ЛЕ

ФОТО: РК Вардар

Македонскиот ракометен шампион и во сезона 2027/2028 и натаму ќе зависи со валјд-карта за учество во Лигата на шампиони, односно ќе нема сигурно место во елитното европско клупско натпреварување.

Македонија имаше сериозен напред на клупски план, новиот клупски рејтинг на Европската ракометна федерација не и овозможи на Македонија да биде во топ десет. Според рангирањето на ЕХФ, кое е врз основа на резултати од сезоните 2023/2024, 2024/2025 и 2025/2026 Македонија се искачи за едно место, сега е на 11. место со коефициент 30,67, пред нас е Норвешка која ја затвара топ 10 листатаж на федерации чии шампиони имаат сигурен пласман во Лигата на шампиони.

И во сезона 2027/2028 Лигата на шампиони ќе се игра со 24 екипи поделени во шест групи со по четири екипи, а федерации кои ќе имаат сигурно место во елитното европско натпреварување се Шпанија, Германија, Данска, Франција, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Хрватска и Норвешка. Секоја федерација вклучително и Македонија ќе треба да аплицира за валјд-карта со цел да обезбеди место во Лигата на шампионите.

Меѓутоа, добри вести доаѓаат кога е во прашање Лига на Европа. Новиот рејтинг на Европската ракометна федерација овозможи Македонија да има место повеќе во Лига на Европа.

Тоа значи дека доколку македонскиот шампион добие валјд-карта за настап во Лигата на шампионите, тогаш второпласираниот и третопласираниот од Супер лигата директно ќе обезбедат место во групата фаза од Лигата на Европа. Новиот рејтинг отвара простор за многу подобри можности за македонските екипи на европските натпреварувања од сезона 2027/2028, а благодарение на одличните настапи во изминатите три сезони.

Александар Ванев, М-Нет