Ракометната репрезентација на Македонија 19-та во Европа според најново рангирање на ЕХФ!

Машката ракометна репрезентација на Македонија според најново рангирање на ЕХФ е на 19-тото место во Еврпа со 27,75 бодови. Македонската репрезентација Светското првенство кое се играше во Хрватска, Данска и Норвешка го заврши на 15. место.

Што се однесува до врвот од најново рангирање таму е Данска со 112 бодови, оваа репрезентација и го освои Светското првенство за четврто злато во низа од Мундијалите, Франција го заврши на третото место на Светското првенство е втора со 105 бодови, а пак Германија е трета со 82 бодови. Во топ десет е Шведска како четврта, Хрватска е петта, Унгарија е шест, репрезентацијата на Португалија која испиша историја како четвртопласирана на последниот Мундијал е на седмото место, Норвешка е осма, Исланд е на деветтото место, а пак Шпанија е на 10. место.

Пред Македонија од регионот е Словенија која е на 11-тото место со 53 бодови, Црна Гора е на 14-тото место со 30,5 бодови, како и Србија која е место пред нас со 29 бодови.

Што се однесува пак кај женските репрезентации, Македонија и на оваа листа е на 19. место со 23 бодови, на врвот е Норвешка со 116 бодови, а пак Франција и овде е втора со 103 бодови. Во топ десет се Данска како трета, Шведска, Холандија, Германија, Унгарија, Црна Гора која е осма, Шпанија и Словенија која е десетта.

Од регионот и Хрватска е пред Македонија како 14-та и Србија која е 17-та со 28,5 бодови.

Александар Ванев, М-Нет