
Ракометарките на Ѓорче Петров 2 го освоија второто место во Првата ракометна лига, место кое води кон баражот за влез во Супер лигата во женска конкунреција. „Лавиците“ се подготвуваат за најважниот меч и по потешкиот пат да стигнат до место во елитата, откако во Првата ракометна лига шампион стана тимот на Атлетик со фантастичен учинок од 23 победи и само еден пораз и убедлиово најдобар напад со 804 постигнати погодоци и примени 433 погодоци.
Пелистер ќе се обиде преку бараж да го избори опстанокот во елитното друштво, откако тимот од Битола немаше сезона каква што посакува, па ќе мора да одигра бараж меч и преку истиот да се надева дека ќе го добие тимот на Ѓорче Петров 2 за опстанок во највисокиот ранг на натпреварување.
Александар Ванев, М-Нет