
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 12. коло на ракометната Суперлига во женска конкуренција.
Ракометарите на Астибо од Штип веќе утре ќе гостуваат кај шампионот и лидер на табелата Ѓорче Петров, каде повеќе од јасна е разликата во квалитет и практично „лавиците“ како апсолутни фаворити на теренот лесно треба да прокнижат нова победа, која за нив би била максимална 12-та во плеј-офот против штипскиот тим кој е единствен без триумф и без бодови во овој сегмент од натпреварувањето меѓу шестте најдобри екипи во Македонија.
Натпреварот се игра во Скопје, а истиот ќе започне во 12 часот.
Утре, исто така ќе се одигра и скопската пресметка на Металург Автокоманда и Вардар, во меч каде домашниот тим ќе биде фаворит за деветта сезонска победа.
Натпреварот се игра во Автокоманда, а ќе започен во 14:30 часот.
Колото се затвара во недела со натпреварот меѓу Чаир и Куманово, кој се игра во 18 часот, а каде домаќинот Чаир ќе биде во улога на фаворит за триумф.
Во рамки на плеј-аутот на програмата ќе бидат натпреварите од 6. коло на Суперлигата. Сите натпревари ќе се одиграа во недела. Пелистер на домашен терен како апсолутен фаворит ќе игра против Шампион, неизвесно соочување во Свети Николе меѓу Овче Поле и Ѓорче Петров 2, а дерби за првото место на табелата ќе играат второпласираниот Спартак и првопласираната Деспина.
Во рамки на ова коло слободна ќе биде екипата на Стружанка.
Александар Ванев, М-Нет