Охрид против шампионот Еурофарм Пелистер, ракометарите на Радовиш гостуваат во Велес, Бутел против Вардар

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 2. коло на плеј-аутот и плеј-офот на ракометната Суперлига.

Ракометарите на Радовиш ќе гостуваат во Велес кај екипата на Борец ФЛ каде и двете екипи ќе бараат прва победа во плеј-аутот, откако во првото коло беа поразени. Ова ќе биде дуел на двете екипи кои ќе водат борба за директен опстанок во Суперлигата. Натпреварот е закажан за во недела од 18 часот.

Струга на домашен терен ќе го пречека Куманово, во меч каде стружани ќе бараат прва победа во плеј-аутот, а пак Куманово ќе сака нова победа, откако славеше над Радовиш во првото коло. Мечот се игра во сабота со почеток од 14 часот.

Дербито во рамки на 2. коло на плеј-аутот се игра меѓу Прилеп и Пролет, кое ќе биде дерби за првото место на табелата во плеј-аутот. Натпреварот ќе се одигра во сабота со почеток од 18:30 часот.

Во рамки на 2. коло на плеј-офот во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се соочат Охрид и шампионот Еурофарм Пелистер. Охриѓани повеќе од јасно е дека ќе сакаат да се надигруваат против битолани, но и ако успеа да извлечат позитивен резултат, а шампионот на оваа незгодно гостување нема право на грешка. Мечот се игра в недела од 18 часот.

Еден час претходно, во Автокоманда ќе се соочат Алкалоид и Тиквеш, во меч каде и двете екипи тргнаа со пораз во плеј-оф сегментот.

Во сабота во 18 часот ќе биде одигран натпреварот меѓу Бутел и Вардар, каде повеќе од јасно е дека Вардар ќе биде апсолутен фаворит за триумф.

Александар Ванев, М-Нет