
Стартуваше новата сезона во Првата ракометна лига со воведните мечеви од првата рунда, а на стартот на победа се радуваа ракометарите на Текстилец УГД од Штип, откако триумфираа над Преспа во Ресен со резултат од 33:35.
Првиот дел беше во знакот на играта гол за гол и често менување на водството, со што штипјани на полувреме заминаа со предност од 14:16. Во вториот дел гостинот од Штип започна да гради предност стигајќи до највисоките плус шест при 17:23 предност која беше одржувана.
До крајот од мечот домаќинот успеа на моменти да се врати на 31:33, а на крај само го ублажи поразот на конечни 33:35.
Наум Бумбаровски и Христијан Ристевски постигнаа по осум погодоци за Преспа, за тимот на Текстилец УГД прво име беше Филип Џинес со осум реализации.
Ланскиот суперлигаш Пролет на домашен терен со 41:20 го декласираше Шампион на домашен терен, додека пак дебитантот Сокол Саса загуби над домашен терен во Македонска Каменица од екипата на Партизан со резултат од 37:44. За домашниот тим Мирче Ѓеоргиев имаше 13 погодоци од толку обиди.
Дербито на колото меѓу Драчево Јуниор и Вардар Неготино заврши без победник, двете екипи ремизираа играјќи 27:27. Голем триумф забележа тимот на Македонија ЃП над Илинден со резултат од 32:39. Јехона со 26:22 на домашен терен славеше над тимот на Овче Поле.
Аеродром како формален домаќин во салата „25 Мај“ го доби мечот со ланскиот суперлигаш Радовиш, откако скопскиот тим славеше со резултат од 31:30.
Бојан Поповски го предводеше Аеродром до победата со девет гола, а пак Бојан Божиновски имаше осум реализации. Кај Радовиш со осум гола Филип Трајанов беше прво име, а Васе Петров со седум погодоци беше втор најдобар стрелец.
Александар Ванев, М-Нет