Ракометарите на Радовиш поразени од Куманово, Прилеп убедлив, Вардар славеше убедливо во дербито со Алкалоид, победа за Охрид!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Вчера со натпреварите од првото коло започан плеј-аутот и плеј-офот на ракометната Суперлига.

Радовиш преку пресврт загуби од Куманово на гостински терен и со пораз го товара плеј-аутот каде ќе има неизвесна борба за опстанок во Суперлигата. Домашниот тим го отвори мечот со 2:0, а потоа радовишани направи пресврт при 5:6 и на полувреме имаа 10:12. Во вториот дел Куманово го торпедираше голот на Радовиш со серија од 8:0 за водство од 18:12, а тоа беше и клучна разлика со која Куманово на крај го доби мечот со 24:19.

Давид Димевски беше прво име во Куманово со 14 гола, кај Радовиш најдобар беше Ивица Илиев со пет гола.

Прилеп лесно го реши Борец ФЛ со 28:21, откако прилепчани во првиот дел имаа 14:7 и со тоа беше и најавена победата. Шабановиќ беше најдобар кај Прилеп со шест гола, кај гостите се истакна Миланов со скромни четири гола.

Пролет однесе висока и убедлива победа над Струга со 13 гола разлика за 30:23. Со по шест гола кај победничката екипа се истанаа Стојановски и Андоновски, кај стружанка најдобар беше Ристиќ со шест гола.

Вардар убедливи го доби дербито со Алкалоид со резултат од 34:26. Во првиот дел мечот беше неизвесен и на полувреме резултатот беше 15:13, во вториот дел Вардар беше подобар, Алкалоид полош.

Најдобар кај Вардар беше Димитро со седум гола, а пак кај Алкалоид најпрецизен беше Серафимов со осум гола.

Охрид со победа го започна плеј-офот откако со 20:22 славеше против Бутел во Скопје, благодарение на одличното првото полувреме кога охриѓани имаа 8:13 на полувреме.

Кај домашниот тим се истакнаа Ѓеоргиевски и Милошески со по ќчетири гола, кај охриѓани најдобар беше Цирар со седум погодоци, а Јотиќ имаше шест гола.

Вечерва ќе се компелтира првото коло на плеј-офо со мечот меѓу Тиквеш и шампионот Еурофарм Пелистер, меч кој се игра во Кавадарци.

Александар Ванев, М-Нет