
Македонските ракометари вечерва на програмата на СП во Египет ќе го одиграат вториот натпревар во групата „ Г “. По високиот пораз од Шведска во првиот меч изразен со резултат 20:32 нашите репрезентативци за противник ќе ги имаат играчите на домакинот Екипет кој пат во првото коло славеше против Чиле со резултат 35:29. Нашите репрезентативци сигурно извлекоа поука од бледото издание против Шведска, и вечерва мора да изнајдат начин, морал и да ги смогнат сите сили се со цел да извлечат што по поволен резултат. Колку за потсетување за пласман понатаму на светското првендство е потребна само една победа а Македонија покрај вечерашниот дуел со Египет ќе одигра уште еден натпревар и тоа во понеделник против селекцијата на Чиле. Натпреварот Македонија – Египет ќе се одигра вечерва со почеток во 18.00 и со директен пренос на каналот на МТВ. Инаку Македонија досега има одиграно два натпревари во кои се доживеани 2 порази од Египет, на СП 1999 г. во Египет со резултат 30:24 и на Медитеранските игри во 2018 г. пораз од Египет со резултат 34:29. Со еден збор селекцијата на Македонија ќе ја брка првата победа против репрезентацијата на Египет.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk