Патување и одмор по короната се желбите на штипјани

Кога не можеме да правиме работи кои не исполнуваат, да уживаме во моментите со блиските бидејќи заради различни причини тие се далеку, останува само да посакуваме да си замине причинителот на сите зла. И кој ако не ковид пандемијата. Повеќе од 10 месеци живот со ограничувања, носење маски, со дистанца, без можност да сретнеш некого и силно да го прегрнеш, или пак да отпатуваш некаде бидејќи токму таму се твоите најблиски. И токму тоа, патувањето, одмор далеку од се, дружење, излегување е она што им фали на штипјани. Без двоумење знаеа што сакаат и што прво ќе направат кога ќе помине короната. Истите претпочитаат одмор, патување, организирање на прослави.

Пандемијата со невидливиот непријател се појави ненадејно, не затекна неподготвени, но не научи за миг да живееме со неа. Според една стара поговорка „Маката го учи човек на се“, може да заклучиме дека и нас маката со пандемијата не научи да живееме со неа, да се прилагодиме на истата и да бараме начин да излеземе од неа. Сега се очекува и пристигнувањето на вакцината, со што надежта дека короната ќе биде минато е поголема, а со тоа и шансите желбите на штипјани да бидат реалност.

Лаура Стојанова М-Нет