
Студени и долги зими, со ниски температури, ама и врнежи од снег, вака повозрасните граѓани во Штип ги опишуваат зимските периоди од годините претходно. За разлика од пред неколку години, оваа зима во Штип практично и немаше снег, а ниските тепмератури почнаа дури месецов. Децата но и останатите не можеа да се израдуваат на снежна покривка, а ова според повозрасните штипјани не е добро ниту за природата бидејќи нема вода.
“Поладни беа зимите претходно. Во просек мислам дека се зголемува температурата на глобално ниво. Глобално затоплување настанува на земјата“
Тешка е ситуацијата и со дрвата за огрев, ама штипјани велат добро се подготвиле и сега имаат дрва или пак се греат на струја. Сегашните ниски температури не ги плашат, иако велат не очекуваат долго да се задржат.
„За тоа си воде сметка секој домаќин, прав домаќин за што велите ресурси на што ќе се грееме. И јас си испланирав, мислам дека зимото ќе го поминам. Релативно до сега беше добро да речам за нас, макар да за природната не е, нема снег, дожд.
Цената на дрвата за огрев на почетокот на грејната сезона достигна висока цена од над 5000 илјади денари за еден метар кубен, а зголемена беше и тарифата за електрична енергија.
Лаура Стојанова М-Нет