
Работнички има реални шанси за опстанок во Првата лига, ако тимот делуваше отпишано за време на зимската пауза, пролетните победи ги вратија тимот од Дебар Маало во живот за опстанок, откако „романтичарите“ стигнаа до четири победи во последните пет средби.
Сега тимот е на 11-тото место со 19 бодови, но со само четири бодови од бараж зоната, а девет бодови од зоната за директен опстанок.
Повеќе ништо не е сигурно во долниот дел на табелата, освен Шкупи кој веќе е испаднат во Втора лига, само се чека и математички тоа да биде потврдено во некое од следните кола.
Пелистер заборава да победува во моменти кога најмногу треба, битолачни со форма од три ремија и два порази на последните пет меча прават чекор назад во борбата за опстанок.
Македонија ЃП и Арсими влегоа во резултатски кризи и се наоѓаат во бараж зоната, со тоа што „лавовите“ од Ѓорче имаат 23 бодови, а дебитантот од Чегране има 26 бодови.
Брера Струмица сака враќање на победите со цел да може се држи во зоната за директен опстано бидејќи сега е на седмото место со 28 бодови, а нешто посигурно делува Башкими како шести со 32 бодови и Тиквеш како петти со 33 бодови.
Од коло во коло овие две екипи ја зголемуваат бодовната залиха, особено тимот од Кавадарци.
Силекс е сигурен на четвртото место и извесно е дека тимот од Кратово ќе финишира како четврти со 40 бодови. Струга е трета со 50 бодови, а пак трката за титулата ја водат Шкендија која е втора со 55 бодови и Вардар кој е на врвот со 58 бодови.
Александар Ванев, М-Нет