Работничките од „Алкон текс“ Штип на мирен протест, менаџментот со надеж за надминување на проблемот

Незадоволството на работничките во текстилната индустрија во Штип искажано преку мирен едночасовен протест денеска пред фабриката на претпријатието „Алкон текс“ од Штип. Врабтените си ги бараат своите права, бидејќи како што велат тие никој не чека за подмирување на нивните давачки, тие плата немаат, а воедно се на принуден одмор.

„Четири илјади денари ми скратија од платата од полн месец работен тоа е срамота. Оставија ме на принуден, прашав ја директорката вика фирмата нема пари, а фирмата работе. Дојдеа и ми кажаа од утре ќе седете на одмор, тоа беше четврток во петок ми испраќаат докумен одјава од тука„ – кажа една од вработените.

Поддршка вработените добија и од „Гласен текстилец“ Штип и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

„Не може да ги уценувате работниците да ви се потпишуваат од една во нова фирма. Значи, ги губат нивните права им следува испратнина, дадете отказ исплатете испратнина, тоа се случува и во други фирми меѓутоа исплаќаат испратнина согласно стажот на вработените„ – посочи Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ Штип.

„Еве денеска сме тука да дадеме поддршка на овие работници кои што останале без плата, без работа. Токму поради манипулација на капиталот кој што се случува секојдневно во нашата држава, ние впрочем и како КСС непрекинато зборуваме, направивме низа протести за да ја спречиме таа злоупотреба на трудот и работникот“ – посочи Благоја Ралповски, претседател на КСС.

На протестот присуствуваше и еден од директорите на фирмата, но не одговори на барањата на работниците.

Во поладневните часови одговор пристигна и од менаџментот на Алкон текс, кои истакнаа дека во наредните 10- 15 дена ќе го надминат проблемот.

Во нивната изјава  се напоменуваат следниве факти:

Претпријатието Алкон текс се до март 2021 редовно ги исплаќа платите и надоместоците од плата вклучувајчи и годишен одмор регрес за годишен одмор.
Цело време откако сме соочени со последицитте од пандемијата успеавме да не ги запоставиме вработените и нивните права.
Сепак во април дојдовме во ситуација насобраните обврски да бидат преголем товар и во моментов не сме во можност да на преостанатите 47 вработни им обезбедиме плата за април 2021.
Се надеваме дека во наредните 10 – 15 работни денови ќе го надминеме и овој проблем.“ – истакнаа од „Алкон текс“.

Лаура Стојанова М-Нет