Проширена и асфалтирана е улицата кај државниот Архив во Штип, активностите продолжуваат на ул. Пиринска

Проширена и асфалтирана улицата „Сане Ѓоргиев“ во Штип, кај државниот Архив. На оваа улица претходно се работеше на подзмната инфраструктура, а во периодот кој следи ќе биде и тротоарски уредена. Издвоение се 2,5 милиони денари, пари од Буџетот на Општина Штип за реконструкција на оваа улица во централното градско подрачје.

„Во изминатиот период овде се работеше, подземната инфраструктура делумно се реконструираше, се замени со нова. Дополнително околу државниот Архив се направи проширување на улицата и можност за повеќе паркинг позиции, имајќи предвид дека оваа улица е во централното градско подрачје. Тесна конфигурација, на барање на жителите ја направивме оваа интервенција преку ЈП Стипион. Денес ќе се изврши асфалтирање“ – вели Јорданов.

По завршување на оваа улица, ќе се продолжи со градежжни активности на улицата „Пиринска“, каде исто така претходниот период се работеше на водоводната и канализациона мрежа. Предвидено е и оваа улица да биде асфалтира и да добие ново тротоарско уредување.

„Влегуваме во сите делови на градот, од најодалечените, до најцентралните маала и населби. Верувам дека во месеците кои следуваат и најтесните и најмалите улички ќе бидат опфатени со реконструкција. Задоволен сум од динамиката на работа.“ – додава Јорданов.

Активностите на терен продолжуваат и во наредниот период согласно планот и програмата за рабоота како и расположливите средства. Јорданов посочи дека се подобрува патната инфраструктура во градот и начинот на живот за граѓаните.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет