
Пронајдено е 12-годишното девојче што беше пријавено за исчезнато. Прекрасната вест ја споделија роднини на девојчето. Според првичните информации од полицијата, девојчето е пронајдено на улица Личка во Штип. Потрагата се прекинува. Повеќе информации поврзани со овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.