Пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско

фото: архива

Според информации на М Нет-ТВ, утринава е пронајдено тело на возрасна жена во близина на Липов Дол, штипско. Телото било во фаза на распаѓање. Според првичните информации се претпоставува дека телото е на исчезната жена од пред неколку месеци. Телото е предадено на обдукција. Повеќе информации поврзани со овој случај се очекуваат во текот на утрешниот ден.