Промени на тренерското столче во Пелистер, Влатко Костов заминува од Битола

ФОТО: ФК Пелистер

Пелистер се одлучива за промени на тренерското место, а тоа ќе значи дека штипскиот стратег ќе замине од Битола. Искусниот стратег го водеше Пелистер од минатата сезона кога успеа и да го внесе од Втора во Прва лига што е огромен успех за Костов.

Сега клубот се решава за промени и во следниот период ќе треба да назначи нов тренер, а веројатно е дека веќе се водат преговори со друг тренер кој треба да биде наследник на Костов.

Пелистер презимува на делба на седмото место со Брера Струмица со по 19 бодови, а пролетниот дел го отвара во Битола токму против Брера.

Александар Ванев, М-Нет