
Процесот на производство на храна е комплициран, а камплицирано е и производството на мед. Ванчо Кировски од Кочани речиси три децении се занимава со одгледување на пчели и производство на мед. Вели оваа година мед има во низинските региони, но во планинските нема.
„Комплициран е процесот на производство на храна, секаде па и во пчеларството. Приносите оваа година се добри во низинскиот дел на нашиот регион, додека планинскиот дел се скроро нула. Со минимални приноси во планините, но ниско ридестиот и рамничарскиот дел дадоа добри приноси на мед.“ – вели Кировски.
Покачување се бележи на цената на медот вели Кировски, но со оглед на фактот дека сите репроматеријали се со покачена цена плечарството е едвај исплатливо.
„Цената оваа година ние се трудиме да не ја качуваме многу, меѓутоа економската логика бара друга крајност. Ние мора да одиме со покачување на цената, оваа година е 600 денари, за разлика од минатата година кога беше 500 денари, значи имаме покачување за 20%. Репроматеријалите во пчеларството се зголемија за 100%, горивото е еден од главните фактори и тоа се зголеми за 100% и ние мора да бидеме со крајната граница на рентабилност во овие крајни кризни моменти. Ако во пет години една година е екстра и ако тоа се подели на пет години ќе трреба да најдеме една средина и ќе може да кажеме дека производството на мед не е 17 килограми од една кошница туку е паднато на некои 10 килограми“ – додаде Кировски.
По 30 години работа во пчеларството и производство на мед Кировски ја открива тајната за препознавање на добар мед.
Освен мед тој произведува и останати производи, односно речиси сѐ што може да се направи од пчелни производи. Од сапун до креми со природни тревки, до разни мешавини, восочни фигури, јаболков оцет и слично.
Лаура Стојанова М-Нет