Проект Цико е нов Футсал шампион на Македонија,Астибо, Мал Ајакс и Кардшлк ќе играат во Втора лига

Шампионатот на Македонија во Футсал предвремено го прекина првенствениот циклус кој поради пандемијата имаше потреба од додатни финансиски трошкови на екипите заради обавезното тестирање. Со оглед на тоа што беа одиграни преку 75 % од натпреварите се дојде до решение да дојде до прекин на првенството со моменталниот изглед на табелата која изгледа вака:

  1. Проект Цико 53
  2. Шкупи 50
  3. Арбен Бајрами 49
  4. Железарец 37
  5. Јувентус Серава 30
  6. Карадаку 27
  7. Црна Река 24
  8. Велес 21
  9. Астибо 17
  10. Кеги Моби 16
  11. Кратово 7
  12. Мал Ајакс 2

Екипата на Проект Цико од Јосифово е нов шампион на Македонија а лигата ќе ја напуштат дури 4 екипи и тоа двете штипски Астибо и Мал Ајакс, Кеги Моби и Кратово. Некои екипи поради ваквиот расплет најавуваат жалби, меѓу кои и екипата на Шкупи бидејќи разликата со првопласираниот тим на Проект Цико е сако 3 бода а гола разликата е многу подобра за Шкупи и токму во следното 20 коло требаше да се одигра решавачката средба Шкупи – Проект Цико. Но, според правилата се е јасно и поради оваа здравствена „виша сила“ се дојде до ваквиот редослед. Интересно во следната второлигашка сезона дури три штипски екипи ќе се натпреваруваат и ќе се борат меѓусебно и тоа Астибо, Мал Ајакс и новоформираниот клуб Кардшлк.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk