
Стабилната Ковид ситуација во општините во Истокот продолжува и понатаму. Модуларната Ковид болница во Кочани е затворена, во Штип хоспитализирани се само 13 Ковид пациенти од кои 6 имаат потреба од кислородна поддршка, а слободни се 34 ковид кревети информираше потпаролот на клиничка болница Штип, Марина Шуманска. Нема ново прмени пациенти, а едно лице е регистрино за оздравено. Нема ниту починати лица.
По подолг временски период регистриран е едноцифрен број на новозаразени пациенти во државата, се намалува бројот на починати пациенти воедно и притисокот врз болниците.
Според информации од Министерството за здравство досега во земјата се направени вкупно 796.157 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.
Лаура Стојанова М Нет