
Продолжува потрагата по 91 годишното лице од штипското село Степанци информираат од ЦУК Штип. Денеска ќе се приклучат и штипските здруженија, како извидници и ловци, а ловочуварите од Лакавица, дирекно на нивна територија веќе вршат пребарување, како и индирекно преку редовното прегледување на снимките од камерите на терен. Во претрага се и жителите од околните села.
,,Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. И жители од околните села во тој реон самостојно вршат претрага во атарот на нивните села, се наведува во соопштението од ЦУК.
Вчера исто така лицето било пребарувано од роднини и пријатели околу селото Степанци и околу другите блиски села. Претходниот ден во потрагата биле вклучени 15 лица, меѓу кои и двајца вработени од РЦУК Штип, кои доброволно се вклучиле во потрагата.Лицето послед пат бил овидено на 5 април годинава, а за исчезнато било пријавено на 7 април 2025 во 16:20
минути на бројот за итни случаи 112.
Иван Митев, М-Нет