Продолжија традицијата и обичаите за искачување на Исарот

Старата вековна традиција уште еднаш покажа дека Штип, штипјани, но и регионот на вистински начин знаат да го празнуваат денешниот ден. Уште од изутрина, младите, но и повозрасните граѓани, почитувајќи ги старите обичаи се искачија на Исарот, собираа каменчиња, се поздравуваа со четириесет луѓе и си посакаа многу здравје и бериќет. Посетители имаше од Штип, регионот, но и цела држава.

„Се што е традиција трае и не се менува. Еве се продолжува традицијата, качувањето на Исарот на овој ден, нешто што значи развивање на природата, а природата значи создавање и љубов“

„Ние уште од деца традиционално си го празнуваме овој празник. Сме фрлале по 39 каменчиња, горе од врвот на Исарот и 40 го чувавме како адет, под перницата па да сонуваме со кого ќе се омажиме или ожениме.“

На Исарот денеска се качи и првиот ччовек на Општина Штип, Иван Јорданов кој истакна дека традицијата продолжува.

„На овој прекрасен ден, на почетокот на пролетта ја продолжуваме и негуваме традицијата со искачување на тврдината Исар, со одбележување на оваа традиција, во комунакицаија со нашите сограѓани ќе продолжиме во црквата затоа што ова е христијански празник“ – кажа Јорданов.

Граѓаните ја посетија и црквата „Свети четириесет маченици“ која се наоѓа на патот до Исарот, а можеа да уживаат и во изложбата која беше поставена кај споменикот на Исарот.

Лаура Стојанова М-Нет