ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Скопје поразен од Феризај, Арсими го доби Башкими

фото: Andy Photography

Македонскиот прволигаш Скопје денес загуби на контролен натпревар од косовскиот прволига Феризај со резултат од 2:1.

Феризај дојде до водство од 2:0 со головите на Панадиќ и Садриу, а пред крајот на првиот дел Џејмс погоди за 2:1 по првите 45 минути. Во вториот дел мрежите мируваа и на двете страни, а „пиратите“ во Автокоманда од Косово се вратија поразени.

Второлигашот Арсими со 2:0 беше подобар на тестот со третолигашот Башкими. Второлигашот од Чегране до триумфот над кумановскиот третолигаш стигна со головите на Вахит Мурати и Берат Хисмани.

Екипата на Башкими е есенски првак во Трета лига – Север и во пролетниот дел ќе води тесна борба за второпласираниот тим на БВК Коњаре за освојување на баражот кој води кон Втора лига.