ПРИЈАТЕЛСКИ: Брегалница пресилна за Кожуф, Охрид со три гола го доби Новаци

Прволигашите и второлигашите ги играат генералките пред стартот на пролетниот дел.

На Градскиот стадион во Штип прволигашот Брегалница со 3:0 го декласираше второлигашот Кожуф од Гевгелија.

Андерсон во 11. минута погоди за 1:0, а Робакидзе во 27. минута за 2:0.

Селмани од пенал во 43. минута ги постави конечните 3:0.

Охрид забележа победа на последниот контролен натпревар за овој припремен период против екипата на Новаци. Стрелци на головите за охриѓани беа Емил Скоко, Филип Димоски и Давид Карамачоски.

Александар Ванев, М-Нет