Пријавена кражба на стебла од запленет канабис во фабрика во Радање, општина Карбинци

На ден 28.03.2025 околу 00:20 часот во СВР Штип е пријавена кражба на стебла од запленет канабис од фабриката лоцирана во општина Карбинци. Извршен е увид на лице место и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Фабриката од 05.03.2025 година ја обезбедуваат полициски службеници од ПС ОН – СВР Штип.
Инаку, во последните месеци не се евидентирани ниту пријавени било какви кражби во фабриката за одгледување на канабис за медицински цели лоцирана во с.Радање, Општина Карбинци.