Приведен 63-годишник од Штип, возел пијан и доби кривична за безобѕирно управување со моторно возило

На 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.