Приведен 28-годишник во Кочани, агресивно се однесувал кон неговата мајка и се обидел да го нападне брат му

На 15.03.2024 во 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Е.(28) од Кочани затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 57-годишна мајка и се обидел физички да го нападне неговиот брат. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.