
На 22.03.2022, полициски службеници од полициската станица Штип лишиле од слобода малолетник од Штип бидејќи во двор од куќа на ул.„Тодор Чучков“ во Штип одзел предмет. Украдениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.