
Приведен кочанчанец оти насилно влегол во кујната на манастирот „Св. Петка“ с. Оризари, не украл ништо
На 24.11.2025 во 18:30 часот во с.Оризари, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода В.В.(55) од Кочани по претходна пријава дека насилно отворил влезна врата од помошна просторија-кујна од манастирот „Св.Петка“ во истото село, но не одзел ништо. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.