Приведена 49-годишна жена во Кочани, физички ја нападнала нејзината свекрва

На 22.03.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ја лишиле од слобода С.А.(49) од кочанско село затоа што во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 77 – годишна свекрва. По комплетирање на случајот против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.