Приватен маркет во Штип нелегално наплаќа паркинг во центарот кој е во сопственост на општината

40 денари за еден час и 20 денари за секој дополнителен час. Приватен маркет во Штип наплаќа паркинг услуга на обележано паркинг место кое е во сопственост на општината. Со сметка над 400 денари од маркетот еден час паркингот во центарот на Штип е бесплатен. Дека ваквата пракса важи сведочат граѓаните кои испратија сметки, па прашуваат дали овде може да се паркираат ако не пазаруваат во маркетот.

На терен е поставена рампа со известување за цената на паркиногот и време траењето. Прашавме во ЈП Стипион дали овој паркинг простор е предаден на приватно лице кои може да го користи и да наплаќа за услугата. Од таму посочија дека не е под нивана надлежност и не упатија до Општина Штип. Од општината велат паркингот е нивен и маркетот нема право да им наплаќа на граѓаните.

„Паркинг просторот кај приватниот маркет е во сопственост на Општина Штип. Со претходниот маркет имаше договор кој еднострано е раскинат од страна на Општина Штип, а нов договор нема склучено. Тоа значи дека не смее да им се наплаќа паркинг на граѓаните од маркетот доколку се паркираат таму. Дополнително за да се склучи нов договор со кој во иднина овој паркинр простор би се дал на користење на приватно лица треба да се донесе одлука на Седница на Совет. До сега таква одлука нема“ – велат од општината.

Лаура Стојанова М-Нет