
Претставата „Лекција“ на режисерот Ѓорѓи Ризески успешно ја претстави Македонија во Мароко, Африка. Во копродукција на НУЦК Ацо Шопов Театар Штип претставата беше селектирана на јубилејното 20 издание на фестивалот во Танжер Мароко. Изведбата на претставата Лекција беше на 6 ти декември во палатата на уметностите и културата во Танжер. Со големи аплаузи, емоции и воодушевување македонските уметници Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска, Милорад Ангелов, беа топло почестени од публиката на истиоимениот град. И секако не само уметниците, туку и костимографот Александар Врзалски. Претставата премиерно беше изведена во септември претходната година, која беше со поддршка од министерството за култура и туризам, НУ Библиотека Гоце Делчев Штип и други спонзори, а истата до сега беше претставена и на Битеф тиатар, месецот на независна продукција, како и во Прилеп, Скопје и Струмица.
Лаура Стојанова, М-Нет