Министерството за локална самоуправа започна консултации за нов закон за локалната самоуправа

Министерството за локална самоуправа започна постапката за консултации на нов закон за локалната самоуправа со кој ќе се надминат сите недостатоци. Премиерот Мицкоски во денешната изјава истакна дека градоначалниците треба да бидат фактори за развој и решавање на проблемите, а не владетели. Вели дека целта е да се зајакне улогата на локалните власти со финансиска децентрализација инвестирани во инфраструктурата.

“Министерството за локална самоуправа отпочна со постапка за консултации на нов закон за локалната самоправа со кој ќе се надминат сите недостатоци. Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат владетели, ниту статисти во процесите, туку фактори за развој и решавање на проблемите.Вложуваме значително напори, да ја зајакнеме улогата на локалните власти, преку финансиска децентрализација инвестирани во инфраструктурата и дигитализација на услугите. Во изминатиот период покажаме дека развојот на локалната самоуправа е еден од најважните наши приоритети, останува се разбира уште многу работа. .“, вели Мицкоски

Онака како пред пет месеци беше наследена локалната самоуправа и тоа како работеле поранешните влади, премиерот го отценува како не добро. Истакна дека општините биле предмет на политички пазар.

“Работите што ги наследивме во поглед на локалната самоуправа и тоа што минатите влади превземале за тој план можам да кажам дека не се добри. Прво општините биле предмет на политички пазар и поддршката на централната власт исклучиво зависила од тоа дали раководството на единиците на локалната самоуправа кохабитираат со тие на централната власт. Па затоа ќе потсетам дека изворно како и доскорашен лидер на опозицијата сум запознаен со што поминале градоначалниците на тој план. На тој план единствена и најдолема цена плаќаа граѓаните.“, додава Мицкоски

Додатно премиерот ги повика сите без разлика на политичките, етничките или географските разлики да вложуваат сили за поуспешни општини со цел подобрување на иднината во државата.

Лаура Стојанова, М-Нет