Прес на ОО на СДСМ Штип: Новото шеталиште создава сообраќаен хаос во градот!

Со пренаменета на едносмерната во шеталиште штипјани се соочуваат со невиден сообраќаен хаос, истакнаа денееска на нов прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Посочуваат дека закочен е сообраќајот, нема слободни паркинг места, а небезбедно е и за пешаците.

„Штипјани секојдневно се соочуваат со пеколниот сообраќај создаден од овие неодговорни локални шерифи без визија. Граѓаните веќе два месеци се жалат на: – закочен сообраќај, особено во работните денови – неможност да се најде паркинг во централното градски подрачје – непрописно паркирани автомобили, на тротоари, на сред улица и на останати несоодветни места, кои го отежнуваат сообраќајот и за возачите, и за пешаците – огромен удар на штипската економија, особено на малите бизниси со претставништва на улица „Ванчо Прќе“; сопствениците се жалат на досега невидени загуби поради ненадејниот и никогаш најавен прекин на сообраќаен пристап до нивните дуќани – сериозно влошување на безбедноста на сообраќајот на улиците околу „Ванчо Прќе“, со што директно се загрозува безбедноста на резидентното население и особено на најмалите Во ваква пеколна сообраќајна ситуација, децата се најголеми жртви на дпмневските хирови. “ – вели Иванов.

Со затворањето на едносмерната улица за сообраќај и нејзина пренамена во шеталиште не е безбедно движењето ниту по улици, ниту по тротоари., додават од СДСМ Штип. Оневозможено е стигнување до улилишта и градинки, од која било точка А до која било точка Б во централното градско подрачје.

Лаура Стојанова М-Нет