
Граѓаните не се во улога на потрошувачи само кога купуваат матријални добра туку и кога имаат потреба за користење на комунални услуги. На пример кога штипјани имаат проблеми со водснабдувањето или исфрлање на смет, или пак со осветлувањето тие треба да се обратат до јавните претпријатија, а со тоа се јавуваат и во улога на потрошувачи. За таа цел организацијата на потрошувачи на Штип изработи водич за комунални услуги кои може да го користат граѓаните, знаејќи си ги свиоте права.
„Ова е водич за комунални услуги во Општина Штип. Тој е наменет за да не упати каде треба да се обратиме како потрошувач за да ги остварите вашите права или да добиете одредена информација. Значи кога имате проблеми со водоводната мрежа во вашиот дом, проблеми со преполни канти ѓубре или забележувате неправилности вие имате право да се обратите на ЈП „Исар“. Доколку имате проблеми со осветлувањето треба да се обратите до ЈП „Стипион““ – кажа Божилова.
Комуникацијата меѓу граѓаните потрошувачи и јавните претпријатија е значајна алка во целиот синџир. Поради тоа штипјани имаат можнст сите проблеми да ги пријавуваат на страната на Исар или Стиипон во зависност дали станува збор за проблеми со вода или улици и патишта. Дректорот на ЈП Исар, Трајче Здравков посочи дека проблемите се пријавуваат, а тие соодветно реагираат.
В.д. директорот пак на ЈП „Стипион“ , Игор Ефтимов посочи дека кај нив најзабележителни се пријавите од страна на граѓаните за проблемите со уличното осветлување.
Доколу граѓаните нимаат проблеми, а не се задоволни од комуналните претпријатија може да се обратат и до комуналната инспекција, управниот Суд, Народниот правобранотел, или Организацјата за потрошувачи Штип. Инаку водичот е направен во соработка меѓу Министерството за економија, Организацијата на потрошувачи и Општина Штип.
Лаура Стојанова М-Нет