
Фудбалскиот клуб Беса од Добри Дол ја засили својата екипа со Јапонецот Јумеми Канда, кој доаѓа од редовите на Шкупи. Со неговото пристигнување, тимот на Беса ќе добие значително засилување и освежување, особено под водство на новиот тренер Горазд Михаилов. Канда, кој има 30 години, минатата сезона играше 17 натпревари за Шкупи, постигна три гола и запиша една асистенција.
Додека Беса го доби Канда како ново засилување, клубот денес го претстави и Шефит Шефити. 26-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на второлигашот Арсими. Шефити има богат фудбалски стаж и претходно играл за тимовите на Приштина во Косово, Ренова, како и за Шкендија, клубот од каде потекнува.
Со овие два трансфери, Беса значително го зајакнува својот ростер за претстојните предизвици.
Александар Ванев, М-Нет