Прволигашот Башкими се засили со Хабибула Аскар – повремен репрезентативец на Авганистан

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Башкими претстави ново засилување. Станува збор за Хабибула Аскар, повремен репрезентативец на Авганистан, а кој во Куманово доаѓа како слободен играч.

Аскар настапуваше за прволигашот Воска Спорт, кој се откажа од натпреварување, па така интернационалецот од Авганистан кој поседува и шведска пасош остана без клуб и како слободен агент доаѓа од редовите на поранешниот охридски прволигаш.

Аскар има шест настапи за репрезентацијата на Авганистан, со искуство настапувајќи во шведските пониски лиги. Тој веќе има искуство во Првата македонска фудбалска лига настапувајќи во дресот на Воска Спорт, а одигра десет натпревари.

Башкими, кој во сезона 2004/2005 го освои Купот на Македонија и настапуваше во европските квалификации, веќе промовираше неколку засилувања и гради тим со кој ќе сака најпрво да се потврди директниот опстанок, а потоа да се цели и кон повисок пласман.

Новата сезона во ПМФЛ започнува на 8 август, а како што е веќе познато колото ќе се игра во три дена односно петок, сабота и недела.

Александар Ванев, М-Нет