По 60 години започна промената на водоводната и канализациона мрежа на улица Корушка во Штип

Започна промената на канализационата и водоводна мрежа на улицата Корушка во Штип. Увид во градежните активности на лице место денеска изврши градоначалникот Иван Јорданов кој посочи дека ќе се работи прво под земја, а потоа и над земја. Издвоени се околу 800 илјади денари, а се работи со помош на ЈП Исар.

„Улица која во минатото не била реконстурирана. Старата дотраена канализациона и водоводна мрежа правеле проблеми на жителите од оваа улица. Одлучивме во прва фаза да се влезе со реконструкција на подземната инфраструктура со промена на водовод и канализација. Преку ЈП Исар издвоени се нешто повеќе од 800 илјади денари. Очекувам во наредните две недели да се завршат активностите“ – вели Јорданов.

По 60 години ќе се менува старата и дотраена водоводна мрежа. Граѓаните кои живеат на оваа улица задоволни, велат дека вакви промени се повеќе од потребни.

„За нас ова значи многу, оваа улица 60 години е со непроменета канализација и водовод. Цевката од 60 години е решето целата, вода влегуваше и собата. Сега со промената ќе биде супер“ – велат граѓаните.

Освен под земја, во наредниот период ќе се работи и на отстранување на коцката и целосно асфалтирање на улицата Корушка.

„Со оглед на тоа дека улицата е со коцка, по завршување на промената на водоводната и канлизациона мрежа ќе се издаи коцката и ќе се асфалтира целата улица за да присапот до неа биде подобар“ – додава Јорданов.

Акотивностите на терен од двете фази се очекува да завршат во ннаередниот период и до месец март улица Корушка да биде целосно реконструирана.

Лаура Стојанова М-Нет