По повод денот на младинските акции – први април, исчистен споменикот во О. Карбинци

По повод одбележување на денот на акцијаштвото први април денеска во Општина Карбинци членови ветерани на здраужението „Пат на младоста“ организираа акција за чистење на споемн обележјето во населбта.

„По тој повод се собравме тука и организираме одржување на спомен обележјето за отпочнувањето на сојузната планинска работна акција Плачковица, која траеше од 1975 – 78 година. Здружението ги негува традициите на тоа младинско движење и се трудиме да придонесеме и во денешно време на младите“ – вели Кангалов.

Освен постојано одржување и честење на спомен обележјето се прават напори за чистење и на училиштните дворови во Карбинци. Според Кангалов расположение од страна на Локалната Власт има. А, членовите на здружението велат дружбата овде не изостанува, истовремено и се работи.

Ова здружение брои околу 60 челнови, а вакви акцијашки друштва има во повеќе градови во државата. Се негува времето од Југославија, велат членовите додавајќи дека често пати се организираат и настани надвор од границите на нашата држава.

Лаура Стојанова М-Нет