
Две години и шест месеци ефективна затворска казна – вака им пресуди Основниот суд во Штип на двајцата насилници кои брутално претепаа девојка во Штип, притоа делото го симиле и самите го објавиле на социјалните мрежи. Правниот застапник на жртвата смета дека изречената казна е потврда за нивното залагање за нулта толеранција на родовото насилство, додека адвокатот на сторителите на делото најавува обжалување на пресудата.
Славица Величковска / М Нет